Еврејска паштета

Сардината изобилува со омега 3 и омега 6, богата е со протеини и витамини, а особено со витаминот А, Д и Е. Бидејќи е ситна риба и се наоѓа ниско на синџирот на исхрана, сардината не содржи тешки метали како што е случај со покрупните риби. Со други зборови, нема причина зошто сардината да не биде дел од вашата секојдневна исхрана.

 
  • 2 конзервирани сардини
  • 2 варени јајца
  • 1 кромид
  • 3 лажици путер
  • 1/2 шолја мелени ореви
  • 5 лажици сос од домати
  • 1/2 исцеден лимон
  • сол, бибер
  • рендана кора од лимон
 

1. Кромидот се сецка и се пропржува на путер, а потоа се додаваат и сите останати состојки. На крај се рендаат варените јајца.

2.Смесата се толчи во соодветен сад се додека не добие конзистенција на паштета или ако сакате пофина текстура можете да ја изблендирате.

3. Намачкајте на леб или на домашни крекери и уживајте во вкуот и здравствените придобивки од оваа паштета…

*за посна верзија изоставете го јајцето, а путерот заменете го со масло за готвење