Домати со два пара јајца

Протеински вегетаријански оброк. 

 
  • 500г конзервирани домати
  • 4 јајца
  • 2 чешниња лук
  • оригано
  • сол
  • бибер
  • 60г маслиново масло
 

Подготовка

1. На жешко масло се пропржува лукот па се додаваат доматите и се динста 10тина минути.

2. Откога ќе испари дел од течноста се ставаат јајцата, миродиите и се пржи без мешање (јајцата да бидат цели, на око).

3. За 20 минути имате убаво ручече.