Домашни маринирани шампињони
Одличен микс од вкусови и мириси…
- 500 грама свежи шампињони
- 100 мл маслиново масло
- 2 лажички оцет
- 1 лажичка сол
- 1 кромид
- 5-6 чешниња лук
- 10 феферончиња
- 3-4 дафинов лист
- 1/2 кесичка бибер во зрно
- малку мајчина душичка
- гранче рузмарин
1. Шампињоните се чистат и во подлабок сад се прелеваат со вода и сите останати состојки освен мајчината душичка, рузмаринот и половина од маслиновото масло
2. Откако водата ќе зоврие се варат околу 5 минути, а потоа се тргаат од оган.
3. Една поголема стаклена тегла се полни со печурките, се додава гранчето рузмарин и мајчината душичка, а на крај сето се прелева со маринадата во која печурките се вареа и остатокот од маслиновото масло.