Домашни билни пастили

Направете си домашни пастили како хербална превентива или орален антисептик, по рецептот на баба ми…

 
  • 350 грама шеќер
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици мелена жалфија
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/2 лажичка каранфилче
  • 1/2 лажичка цимет
  • шеќер во прав
 

1. Сите состојки се мешаат во подлабок сад и се ставаат на оган додека да се растопи шеќерот.

2. Смесата постојано се меша за да не загори и се трга од оган.

3. Се разладува 2-3 минути и со лажица се прават плочки врз хартија за печење или во силиконски калапчиња.

4.Кога ќе се изладат се валкаат во шеќер во прав за да не лепат.