Домашна веге пица

Овој пат немаме многу слики бидејќи бевме гладни, а и не бевме сигурни како ќе излезе крајниот производ кој всушност беше повеќе од вкусен!

 
  • 150-200г шампињони (може и со шитаке)
  • 200г кравји кашкавал (може и со моцарела)
  • мала китка брокула
  • 3 чешниња лук
  • 2-3 шери домати
  • 3 и пол шолји ржано брашно
  • малку сусам
  • 1 шолја топла (не жешка) вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче крупна морска сол
  • 1/2 лажиче кафеав шеќер
  • 1/2 пакетче квасец во прав
  • 1 јајце од прeпелица
  • оригано
 

Подготовка

1. Како се прави тестото можете да погледнете на следното видеото подолу…

2. Откога ќе стаса тестото, се развлекува во посакуваната форма и се става во тавата. (ова не оди така лесно како што звучи ама не е страшно се учи со време изгледа)

3. Рерната се пушта да се загрее на 220 степени. Во меѓувреме, тестото се мачка со доматен сос и се попрскува со сусам.

4. Лукот се ренда ситно и се размачкува по тестото. 

5. Се распоредуваат исецканите печурки, брокулите, шери доматите пресечени на пола и се истура кашкавалот преку целата содржина на пицата.

6. На средина се крши јајцето од прeпелица и за крај целата пица се попрскува со оригано (ако имате може и босилек). 

7. Пицата се пече 15-20 минути, но најубаво ќе оцените од око.  

Уживајте во домашната пица и гледајте да ја правите и јадете преку ден! :))

http://youtu.be/NozFOtgqLpc width:635 align:center