Домашен сенф

Екстремен, само за храбри…

 
  • 100 грама мелен синап
  • 300 мл јаболков оцет
  • 1 лажиче бибер
  • 1 лажиче мед
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче ѓумбир
  • 1 лажиче мелен лут пипер
 

Сите состојки се мешаат во тегла и се оставаат 2-3 часа да се соединат вкусовите.

Теглата се става без капакот во тенџере со вода и се зоврива, така што сенфот внатре повремено се промешува.

На крај теглата се затвара со капак, се остава да се излади до собна температура и може да му седнете веднаш со топло лепче или се чува во фрижидер.