Додатоци за пролетни салатки

Додатоците се масло со рузмарин и оцет со рузмарин.

 
  • * Масло со рузмарин
  • 1 гранче пресен рузмарин
  • 1л маслиново масло
  • * Оцет со рузмарин
  • 1 гранче рузмарин
  • 1л јаболков оцет
  • 1 лажица сол
  • 1-3 чешниња лук
  • неколку сецкани суви пиперчиња (најдобро лути)


 

Подготовка

1. Масло со рузмарин: Гранчето рузмарин се става во маслото и се остава да отстои така 2-3 недели. Одличен ароматичен додаток за салатки, а и за печење на месо.

2. Оцет со рузмарин: Ставете ги во шише рузмаринот, пиперчњата, сецканиот лук, солта и полијте ги со оцетот. За две недели ќе имате феноменален додаток за салатки, а богами и за чорби!