Пријателите на Донев

Динстан зеленчук

 
  • 1 цвекло
  • 2-3 бабури
  • 1 тиквичка
  • 1-2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1 авокадо
  • 4-5 чери доматчиња
  • 2-3 чесниња лук
  • крупна морска сол
  • маслиново масло
 

Подготовка:

1. Исецкајте ги продуктите на покрупни парчиња. Додадете една мала шоља вода во садот* за динстање и доведете ја до точка на вриење.

2. Намалете ја топлината на ринглата до половина и ставете ги тиквичките, кромидот, морковот и цвеклото да се динстаат 10 минути.

3. Додадете го лукот и бабурите да им се придружат и продолжете уште 5 минути со динстање.

4. По вкупно 15 минути, садот се трга на страна, и без да се отвори капакот се остава уште 5-10 минути зеленчуците да омекнат.

5. На крај префрлете ги динстаните зеленчуци во чинија за сервирање и додадете доматчиња и авокадо.

6. Се посолуваат и им се додава масло. Исто така, може да се додадат и други зачини по желба.

 * За овој рецепт се користи сад – Delimano Dry Cooker

Зготвено од Елена Митреска Јовановска

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија