Димена скуша во маринада
Гурмански оброк богат со омега 3 масни киселини…
- 2 парчиња димена скуша
- 2 лимони
- 2 гранчиња рузмарин
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1/2 чаша бело вино
- 4 лажици јаболков оцет
- 4 лажици маслиново масло
- бибер
1. На скушата и се лупи кожата и се отстрануваат крупните коски.
2. Кромидот се сецка, лукот се толчи и во подлабок сад се соединуваат сите состојки.
3. Се цеди сок од лимон во садот, а една половина лимон се сецка на парченца и се додава.
4. Сол не се додава, бидејќи димената скуша е веќе посолена.
5. Парчињата се прелеваат со маринадата и најдобро е да се завиткаат во фолија. Така преноќуваат во фижидер, а потоа се спремни за дегустација.