Бургер од цвекло

Главниот актер во овој бургер е плескавицата, a салатата и намазот ги оставаме на избор според личен вкус…

 
  • 3 средни цвекла
  • 350 грами снегулки по желба*
  • 200 грама урда
  • 2 млади кромитчиња
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 3 лажици масло
  • китка магдонос
  • сол, бибер
  • дополнително масло за пржење
 

Подготовка

1. Цвеклото се лупи и се ренда ситно, младото кромитче ситно се сецка, а лукчето се толчи со малку сол. 

2. Во поголем сад се соединуваат цвеклото, лукот, кромидот, сол, бибер, 3 лажици масло, јајцата, снегулките, урдата и магдоносот, сето убаво се меша и се остава на страна да отстои, снегулките да набабрат.

3. По половина час, смесата се дели на 8-10 помали делчиња и од секое се формира по една плескавица.

4. Плескавиците може да ги пржите во силно загреано масло додека да заруменат од двете страни, да ги испечете на скара или нам најпогодна опција ни се виде печењето во рерна.

5. На плех, обложен со хартија за печење, наредете ги плескавиците и печете во загреана рерна на 250 степени околу 20 минути, потоа превртете ги од другата страна и печете уште 10тина минути.

*Ние користевме мешавина од ‘ржани, овесни, јачменови и пченични снегулки.