Чорба од коприви

Кај англосаксонските народи копривата е симбол на молњата. Познато е дека громовите навистина не удираат во коприва па затоа од таму доаѓа и поговорката ”не сака гром во коприва”… Во алпските села на пример кога ќе видат дека надоаѓа невреме со громови и молњи, ставаат коприви во огништата како заштита. Можеби не сака гром во коприва, но копривата за чорба е одлична!

 
  • 500г свежи коприви
  • 1-2 лажици прашно
  • 2 рендани моркови
  • 1 млад кромид
  • прстофат крупна морска сол
  • бибер по желба
  • маслоново масло
  • кисело млеко, павлака или кефир (кој како си сака)
  • вода
 

Пoдготовка

1. Се берат врвовите на копривите (најгорните 5-6 листови, се препорачува со ракавици).

2. Набабрената коприва по миењето се бланшира 5 минути во солена вода (ВАЖНО!), а потоа се цеди и се сецка.

3. Во тенџере се става масло, брашно, ренданите моркови и сецканиот кромид. Сите состојки се пропржуваат неколку минути, а потоа се додава и копривата.

4. Се пропржува и копривата некоја минута, а потоа се налева со вода и се зачинува.

5. Се вари 20тина минути.

6. Останатите зачини се по ваша желба и вкус.

7. Најчесто се служи со кисело млеко, а може и со павлака или со кефир.