Веге чорба
Чорба Чок, Месо Јок
- 1 среден кромид
- 2 моркови поголемки
- 3 средни компири
- 1 пашканат
- 1/2 кг брокула
- 2 лажици просо
- 2-3 чешниња лукче
- сол и бибер според вкус
- масло или путер
- павлака или кисело млеко
- леб по желба
Подготовка
1. Сите состојки се варат додека не омекнат, освен брокулата. Таа се додава 2-3 минути пред крај.
2. Потоа сварените состојки се ставаат во бледер и се пасираат.
3. Густината се прилагодува со додавање на вода.
4. Супата се зачинува со сол, бибер и масло (по избор маслиново масло или путер)
5. И се додава павлака или кисело млеко како убав додаток при конзумирање.
6. Толку.
Прекрасен микс на минерали, витамини и растителни влакна за да се задоволи цел ден…