Чорба ала инфузија
За сркање и уживање…
- 2 моркови
- 1 тиквичка
- 2 компири
- 2-3 цветови брокула
- 2 лажици семки од сончоглед
- 3 лажици просо
- 1 лажица ленено семе
- прстофат куркума
- маслиново масло
- сол и бибер според вкус
1. Најпрво се засукуваат ракавите и се активира рендето. Ги рендате морковите, тиквичката и компирот.
2. Во подлабок сад на загреано масло се пропржува ренданиот зеленчук околу 10 минути, а потоа се налева 1 литар вода.
3. Чорбата се зачинува според вкус и кратко се проварува, а кога ќе зоврие се додава брокулата и се трга од оган.
4. За крај добар додаток е магдоносот и една голема лажица кисело млеко како за разладување.
Добар апетит!