Биокулт органски рецепт

Чоколаден десерт

Брз, здрав, органски, хранлив, а пред сè превкусен чоколаден десерт. Лесно се подготвува, а придобивките за вас и оние околу вас се многубројни. Наместо да посегнете по готови пудинзи или чоколади, задоволете ја вашата потреба со десерт за душа што ќе ви донесе здравје.

  • *за органско млеко од бадем:
    100г органски бадеми
    750мл вода
    2-3 лажици Биокулт органски мед
  • ЧУФА МИКС (за брза и ефикасна подготовка на секакво растително млеко)
  • органски цимет
    *за чоколаден десерт:
  • 3 лажици органско какао
    1 стапче органска ванила
  • 1 лажиче органски рогач
  • 1 авокадо
  • 5 урми
  • 2 средни банани (ако сакате погуста смеса)
  • чиа семе за декорација

ПОДГОТОВКА

Органско млеко од бадем:

1. Бадемите се покиснуваат во вода околу 2 часа за да омекнат.

2. Се измиваат и се ставаат во цедалката на ЧУФА МИКС-от додека во главниот сад има соодветна количина на вода.

 

3. Бадемите се блендираат со рачен блендер додека не се испасираат убаво, а максимумот од млекото се исцедува со толчникот на ЧУФА МИКС.

 

4. Цедалката со остатокот од бадем (што можете да си го искористите во други каши или да го додадете во мед како микс) се вади и ви останува чистo бадемово млеко.

 

5. Се засладува со мед или агавин сируп по желба и се додава цимет за шмек.

Лесно и ефикасно верувајте!
Вкусен чоколаден десерт:

1. Во садот со млекото од бадем се додаваат сите останати состојки (на сликата нема банана, но ние додадовме бидејќи сакаме десертот да ни биде погуст)

2. Сите состојки се пасираат до хомогена смеса со рачен блендер (или се префрлаат и пасираат во регуларен блендер) за да добиете превкусен здрав десерт (за некого можеби и оброк) на кој тешко е да му се одолее.

**Сите состојки и препарати можете да ги набавите на едно место – Биокулт.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија