Чипс од сладок компир

 
  • 400 г. сладок компир
    1 лажичка сечкан рузмарин
    ½ лажичка сол
    ¼ лажичка црн пипер
    маслиново масло
 

Начин на подготовка:

Исечете круг од хартија за печење и поставете го на сигурносната чинија во микробрановата печка. Хартијата малку намачкајте ја со маслиново масло.

Компирот исечкајте го на тенки резанки на ренде и наредете ги на хартијата. Одозгора ставете малку рузмарин, сол и црн бибер на сите резанки и печете ги во микробранова печка 4 минути на посилна температура.

Проверувајте повремено дали се доволно крцкави, ако не, продолжете го печењето за 30 секунди. Постапката повторете ја со целото количество на компир. Брз и едноставен рецепт пробајте го.