МКД Бургер – рани душа да те слуша… ама и вежбај!
На овој бургер му прилега селска лепиња од фурна за да се доживее комплетно.
- (доза за 3 бургера)
- 250г мелено месо
- 2 средни компири
- 1 кромид
- 2 свежи феферонки
- сол и бибер по вкус
- малку магдонос
- (продукти за пинџур)
- 10-15 пиперки (лути по желба)
- 1 модар патлиџан
- 2 црвени домати
- 1 главица лук
- маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Подготовка
1. Компирот се ренда, се истиснуваат вишокот сокови, па заедно со ренданиот кромид се меша со месото.
2. Се додаваат ситно сецканите свежи пиперчиња, сол, бибер и магдонос и од смесата се обликуваат три бургера.
3. Се печат полека во тефлонска тава или на скара… споро и со љубов.
Подготовка на пинџур
1. Печените пиперки и модриот патлиџан се лупат и се сецкаат на поситни парчиња.
2. Потоа се додаваат во дрвен или глинен аван, каде предходно се толчи лукот со солта.
3. Енергично се тупа, а потоа се додава рендан црвен домат (без лушпата).
4. На крајот, се полева со загреано масло и се меша.