Божиќна баклава
За фантастичен финиш на вашата божиќна трпеза. Проверен рецепт! Имајте убави Божиќни празници…
- 1 килограм кори за баклава
- 250 гр несолен путер
- 200 грама масло
- 500 грама мелени ореви
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- Шербет:
- 1,3 килограми шеќер
- 1 литар вода
- 1/2 лимон
1. Се почнува со филот: Јајцата се матат со 6 лажици шеќер, да се добие густа смеса и внатре се додаваат мелените ореви.
2. Четири кори се редат една врз друга, а помеѓу секоја кора се премачкува масло со четкичка, на последната кора се ставаат 4 лажици од филот и се размачкува до половина од кората. Се витка во ролна.
3. Ролните се редат во намастена тепсија се додека не се потрошат корите и филот.
4. Баклавата се сече пред печењето и се прелива со растопен путер, па се пече на тивко 180-200 степени додека не поцрвени или околу 40 минути.
5. За тоа време се прави шербет од водата и шеќерот, т.е. да проврие околу половина час. Баклавата ја вадиме од рерна. Од шербетот оддвојуваме две кутлачи во посебен сад и внатре вариме резниња лимон дополнителни 10тина минути.
6. По 10тина минути ја прелеваме баклавата која малку се подоладила со не многу жежок шербет и на крај се додава и дополнителниот шербет со парчињата лимон.
7. Се остава убаво да се олади непокриена за да остане крцкава.