Бомбици со кршена пченица (Бунгур)
Здраво, вкусно, брзо, без печење и едноставно.
- 1 чаша кршена пченица (Бунгур)
- 2 чаши кикирики печени (лупени)
- 200 гр. темно чоколадо
- 1 чаша урми без семка
Подготовка
1. Во тенџере се ставаат 3 чаши вода да зоврие, откако ќе зоврие во водата се става бунгурот и се намалува ринглата на 1-ца и тенџерето се поклопува. Потребни му се минимум 30 минути.
2. Откако бунгурот ќе се свари потребно е да се излади за полесно да се формираат топчињата бомбици.
3. Урмите заедно со кикириките се блендираат, се топи чоколадото и се додава во измелената смеса од урми и кикирики и оладениот бунгур, мешате за убаво да се соединат состојките.
4. Правите топчиња, ги потопувате во мелени кикирики, или кокос, или рендано чоколадо (по ваша желба).