БИОкулт рецепти
БИОкулт култен видео рецепт – Зеленчук на Вок
Нутритивен и вкусен микс од зеленчук на вок масло за азиски шмек…
- 15 мл Bio Planète вок масло
- 1 мала зелена тиквичка
- 300 грама буковка
- 300 грама сејтан
- 1 мал благ компир
- 2 млади кромитчиња
- босилек
- сол и бибер
Подготовка
1. Сејтанот и буковката се сецкаат на лентички, тиквичката и компирот на коцки, а кромитчињата на тркалца.
2. Во длабока тава се налева од вок маслото на Bio Planète. Ова масло има уникатен вкус кој се должи на маслото од кикирики, сончогледовото масло и малку чили за азиски шмек. Заради високата точка на чадење возможува пржење на високи температури со задржување на нутритивните вредности.
3. Најпрво се пропржуваат кромитчето и компирот, а потоа се додаваат и останатите состојки. Кратко се пропржуваат со повремено мешање.
4. Се зачинува според вкус и се декорира со ливче босилек.