Бегово чорбиште

Здрава чорба, знаел што јадел бегот….

 
  • 100г бамја
  • 100г морков
  • 200г ориз
  • 500г пилешко/говедско месо
  • 50г целер
  • 100г кисела павлака
  • сок од лимон
  • морска/хималајска сол по желба
 

Подготовка

1. Месото и ситно исецканите моркови, заедно со целерот се варат.

2. Потоа месото се одделува од коските, се враќа назад и тогаш се додава оризот. 

3. Кога ќе се свари оризот, се додаваат бамиите.

4. Кога ќе се сварат бамиите (не треба долго да се припремаат), чорбата се посолува и закиселува со лимонот.

5. При служење со додава и кисела павлака, кој како сака.