Авокадонез без мајонез

Откријте ја убедливо најдобрата страна на лебот со овој превкусен намаз од авокадо.

  • 2 големи зрели авокада
    1 рака свеж босилек
  • 1 голема лажица маслиново масло
  • 1 голема лажица сок од лимон
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер

Пoдготовка

1. Авокадото исечете го на коцки, лукот истолчете го, босилекот исецкајте го ситно, сите состојки во блендер и изблендирајте.

2. Во зависнот од вашиот вкус може да ја засилите дозата на лукче или лимон.

Загарантирано ќе го снема веднаш, заедно со цел леб, барем така беше кај нас.

Забелешка: чисто вегански рецепт!