Ароматично сирење во тегла

Одлично мезе кое може да се касне во секое време и со сешто! Проверено и верифицирано! 

 
  • 1-1,5кг сирење (може било какво, а тука е со зрело биено)
  • 1л маслиново масло
  • 2 гранчиња рузмарин (едното се сецка, а другото може и со цвет)
  • 2-3 ливчиња дафинов лист (ние ставивме свеж)
  • 4-5 лути пиперчиња
  • 1 лажичка буковец
  • 1 кесичка бибер (крупен)
  • * количината на сирење и масло зависи од теглата
 

Подготовка

1. Во тегла од 1,5 литри се местат сите мирудии.

2. Потоа се става сирењето исечено на коцки и се прелева со маслото.

3. Теглата се затвора и неколкупати енергично се ротира.

4. Се остава во ладилник 2 недели.

5. На крај имате прекрасно мезе – АРОМАТИЧНО СИРЕЊЕ!