Ароматични пилешки ражничи
Брзо, лесно, вкусно…
- 500 грама пилешки стек
- 2 кромиди
- стапчиња за ражничи
- за маринада:
- 100 мл маслиново
- сок од 1 лимон
- 1 лажица оригано
- 1 лажица мед
- сол и бибер
1. Сите состојки за маринадата се мешаат во подлабок сад.
2. Месото се сече на коцки и се наложува во маринадата. Се остава да преноќи или минимум 6 часа.
3. Месото и кромидот на месечинки наизменично се боцкаат на дрвени стапчиња.
4. Се пржи на добро загреано масло додека да зарумени од двете стани.