Ароматични црвени пиперки

Сезонска салата со неодолив аромат создаден од миксот пиперка и босилок. 

 
  • 3-4 црвени пиперки
  • 100г маслинки
  • 1 лимон (сокот и рендана кора)
  • ладно цедено маслиново масло
  • 1-2 чешниња лук
  • босилок
  • бибер
  • морска/хималајска сол 
 

Пoдготовка

1. Искористете некои од печените пиперки за ајвар и направете си сочна сезонска салата.

2. Испечената пиперка исецкајте ја на резанки (напречно).

3. Потоа изрендајте го лукот и кората од лимон.

4. Додадете ги останатите состојки на пиперките и зачинете ја целата салата според вкус.