Ароматичен ослич на масло

Вкусно и крцкаво…

 
  • Ослич
  • 50 грама пченкарно брашно
  • 50 грама пченично брашно
  • 100 мл пиво
  • 2 чешниња лук
  • рузмарин
  • магдонос
  • масло за готвење
  • сол и бибеб
 

1. Парчињата ослич се потопуваат во пиво, а потоа се валкаат во смеса од еднакви делови на пченкарно и пченично брашно.

2. Се додаваат зачините, се наросуваат со рузмарин, магдонос, сол и бибер според вкус и се пржат во загреано масло се додека не заруменат од сите страни.

3. Се добива крцкава и ароматична риба.