Без рецепт со Донев

Туна сос паста

 
  • Конзерва туна
  • Модар домат
  • Кромид
  • Лук
  • Свеж босилок
  • Сос од домат – конзерва
  • Сол и бибер
  • Луто пиперче или табаско
  • Љубов
 

ПОДГОТОВКА

Ова е вкусен и брз сос за приготвување и одлично оди со секаква паста.

Одиме:

1. На тивок оган ги пропржувате кромидот, лукот, лутото пиперче и модриот домат исецкан на коцки со малку крупна морска сол и бибер.

2. Потоа ја додавате туната и ја ситните додека се пржи (доволно е 1 до 2 минути)

3. Го истурате доматниот сос (за овој сос јас користам конзервиран ситно сецкан домат) го цепкате босилокот, зачинувате со сол и бибер по желба и го оставате на тивок оган 3 до 4 минути со повремено мешање.

4. Во овој случај шпагетите (со овој сос можете било каква паста да приготвите) ги варите во добро засолена вода не повеќе од времето кое што го пишува на пакувањето.

5. Сервирајте и уживајте со чаша суво бело вино