Лесна а многу здрава салатка

Свежа салатка за до стотка

 
  • 200 г рендани моркови
  • 5-6 чешниња лук (лукот пожелно е да биде од домашно производство, не е толку лут)
  • 2-3 гранчиња рузмарин (може сув или свеж)
  • сок од цеден лимон
  • 50мл ладно цедено маслиново масло (може и ленено масло)
  • крупна морска сол… колку ви е ќеиф
  • суво луто пиперче за љубителите на лута храна
 

Подготовка

1. Лукот и солта се толчат во овален сад, а потоа се додава рузмаринот (можен додаток е суво запечено луто пиперче)

2. Добро истолчените состојки се поливаат со сокот од лимон (можна варијанта е јаболков оцет) и маслото

3. Сето тоа се меша, се додава на ренданиот морков и салатката е готова…

Салаткава како додаток секогаш е ГЛАВНА! 

Така што, на редовните конзумети барем еднаш неделно им се закажува состанок на 100 години…