Здрав омлет ала Баки
- 2 јајца
- грст мали китки брокула
- грст маринирани или свежи чери домати
- 1 супена лажица павлака
- 1 супена лажица брашно
- крупна морска сол по желба
- масло по желба (препорачливо маслиново за готвење)
- рендан кашкавал по желба
Подготовка
1. Брокулата треба да се обари предходно 2-3 минути.
2. Јајцата се мешаат со брашно и сол, додека тавчето со масло се загрева (од тавчето и вашиот вкус зависи количината на масло со кoja ќе готвите).
3. Ја намалувате ринглата на половина, ја додавате смесата со јајца, и чекате да се запржи едната страна.
4. Штом едната страна е готова, го вртите омлетот од другата страна и му додавате чери домати и брокули.
5. За кратко време и втората страна од омлетот ќе биде готова, а тогаш одозгора се додава и ренданиот кашкавал.
6. Омлетот одма потоа се трга од ринглата, се префрла во чинија и се додава павлаката со едно парче интегрален леб.