Вегетаријанско протеинче од -Пријателите на Донев

Обарени печурки со зеленчук

 
  • 300~400г печурки шампињони
  • 1 зелена пиперка
  • 1 кромид
  • ладно цедено маслиново масло
  • крупна морска сол
  • тамари сос
  • мелен босилек и црвен пипер
  • кари
 

Подготовка

1. Печурките се мијат и им се сечат дршките.

2. Се ставаат во тавата за да се обарат со многу малку вода.

3. На половина крчкање на тивко (вкупно време на приготвување околу 20 минути) се додава кромидот. 

4. Кога ќе се обарат печурките и кромидот, се префрлаат во поголем плиток сад и им се додава исецканата по должина пиперка.

5. Се зачинува со масло, сол и тамари како и останатите зачини по желба. 

 

* За овој рецепт се користи сад – Delimano Dry Cooker