Малку благичко колачово лебче - од пријателите на Донев

Нетрадиционално бадниково лебче

Ви посакувам среќен Божиќ и весели празници!

 
  • 350г оризово брашно
  • 150г ‘ржано брашно (уште 50г на страна за додавка)
  • 1 мало лажиче кафеав шеќер
  • 1/4 мало лажиче крупна сол
  • 1 пециво за печење со ванила
  • 1 лажица чиа
  • 1 лажица мелен рогач
  • мешани снегулки по избор (овесни, лимец и ‘ржани)
  • 2 банани
  • 250~300мл оризово млеко
  • 1 лажица ладно цедено сончогледово масло
  • 1 јајце
     
 

Подготовка

1. Потребни се два сада и тава за печење. Во едниот сад се додаваат сувите продукти, а во другиот течните продукти. 

2. Во садот за суви продукти се додаваат двата вида на брашно, пециво, мелено рогче, чија, снегулките, шеќер и сол. Убаво се мешаат и се оставаат на страна.

3. Во другиот сад се пасираат 2те банани, а потоа се додава масло, јајце и млеко. Убаво се мешаат сите продукти во овој сад.

4. Течниот дел се додава на сувиот дел, полека и со константно мешање. 

5. Смесата почнува да се меси, а доколку премногу се лепи, се додава по малку брашно. 

6. Кога ќе се добие убава хомогена смеса, се развлекува во форма на круг и се става во тавата за печење (каде предходно е наросено брашно за лебчето да не се залепи).

7. Рерната се загрева на 200 степени целзиусови, а откога ќе го ставиме лебчето, се намалува на 180 степени. Се пече на горен и долен греач, со вклучен вентилатор, околку 60 минути.