Пријателите на Донев

Интегрална паста со пилешко во сос од кари

 
  • Пилешко (250г по лице)
  • Вегета
  • Сенф (25г по лице)
  • Маслиново масло
  • Соја сос
  • Хопла (250мл по лице)
  • Кари
  • Паста, интегрална (100-150г по човек)
  • Сол
 

Подготовка

1.Во два посебни сада се припремаат пастата и пилешкото.

2.Пастата се припрема по избор и во зависност од видот на пастата. Препорачувам во зовриената вода, пред да се стави самата паста да се додаде малку маслиново масло и сол.

3.Пилешкото исецкано на мали делови се маринира во сенф и во вегета, и по можност би било убаво да останат маринирани барем 1-2 часа. На овој начин пилешкото станува меко и сочно. Вок тавата се загрева на највисока температура и на истата се додава малку маслиново масло.

4.Пилешкото се става во загреаната вок тава и се потпржува на 5-10мин, додавајки соја сос како не би загорело пилешкото.

5.Штом забележиме дека се малку потпржени пилешките парчиња, додаваме околу 50мл (за секои 500г пилешко) топла вода, која заедно со сенфот прават сос, кој би требало да е доволен за парчињата да бидат покриени комплетно. Се намалува температурата за 75% и се покрива. По 15 минути се отвора поклопецот и се меша пилешкото додека не испари целата вода/сос.

6.Во овој момент се додава хоплата (500г за секој 500г пилешко). Смесата се меша додека хоплата не згусне.

По желба, готовата паста може да се стави во сосот заедно со пилешкото и хоплата, или да се сервираат посебно.

Времето за подготвување на ова јадење е околу 45 минути.

Уживајте,