Зошто понекогаш здравата храна дебелее?

Исхраната е поле каде за секого важат различни правила. Па така од една иста диета некој слабее, а некој се дебелее. Ако се прашувате зошто е тоа така, одговорот лежи во гликемискиот индекс…

Генерално се знае дека различни типови на храна имаат различни гликемиски индекси и соодветно на тоа телото реагира со покачување на шеќерот во крвта. Ова е ообено важно за лица со дијабетес и метаболен синдром, кога треба да се избегнува храна со висок гликемиски индекс за да се одржува нивото на шеќер во крвта на стабилно ниво, но исто така се препорачува и за намалување на телесна тежина.

Според едно скорешно истражување секој организам реагира различно на различна храна кога станува збор за инсулинскиот одговор, па стриктното држење до претходно наведените гликемиски индекси губи смисол. На пример за еден испитаник, сладоледот воопшто не предизвикувал покачување на шеќерот во крвта, додека за друга испитаничка доматите и доматното пире предизвикувале огромен дисбаланс.

Заклучокот на истражувачите е дека иако генералните правила треба да се почитуваат, сепак не постои такво нешто како една диета која им одговара на сите. Оваа разлика во одговорот на различните организми кон различни типови на храна се должи на неколку клучни работи во организмот како: индивидуалната микрофлората, БМИ и комбинацијата на храна.

МАСНОТИИТЕ ЈА ПОДОБРУВААТ РЕАКЦИЈАТА НА ХРАНАТА

Комбинацијата и соодносот на маснотии и јаглехидрати во храната игра важна улога. Тоа значи дека лепчето со путер доведува до подобар телесен одговор отколку само леб, или тортиља чипсот со гвакамоле ќе даде помало покачување на шеќерот во крвта, отколку само чипс.

БМИ И ВОЗРАСТА ИГРААТ УЛОГА

Ако сте витки, можно е подобро да реагирате на пицата која ја делите со полничката пријателка. Колку е повисок БМИ и колку повеќе години имате толку полошо реагирате на храната во смисол на покачување на шеќерот во крвта.

МИКРОФЛОРА КОЈА РАБОТИ ЗА ВАС ИЛИ ПРОТИВ

Здравјето, балансот и составот на микробиомот во дигестивниот тракт е директно зависен од она што го јадете. Овие бактерии вушност реагираат на тоа како вие ја преработувате храната и тоа е индивидуално за секој човек. Уште поинтересно е дека со менувањето на исхраната се менува и микробиомот и реакцијата на гликемискиот индекс.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија