Житарки, повеќе од енергија!

Житарките често ги израмнуваме со јаглехидрати. Сепак во нивниот состав има уште многу други микронутрициенси заради кои полнозрнестите житарки треба да бидат на секојдневното мени…

Според СЗО една намирница е добар извор за некоја состојка ако содржи над 10% од препорачаните дневни вредности, а е одличен изовр за некоја состојка ако содржи над 20% од препорачаните дневни вредности за дадената состојка. Не постои „најздрава“ житарка, но секоја од нив си има своја силна страна.

Како што може да се види од табелата најголемиот дел од житарките растурат со манган и селен. Овие два минерали иако потребни во мали количини се важни за растот и развојот на клетките и поседуваат антиоксидациски способности. Селенот има улога во подобрувањето на имуниот систем, а манганот во одржувањето на здрави коски и ’рскавици

Иако можеби не ни паѓаат први на ум, сепак житарките имаа извесна доза на протеини. Всушност аминокиселините од житарките во комбинација со аминокиселините од мешунките и зеленчукот ја даваат потребната палета за формирање на протеини во човечкото тело.

Една од најважните работи во исхраната ја има во житарките во изобилие. Тоа се диеталните влакна, кои помагаат подолго време да се чувствувате сити, но имаат уште поважна улога во превенција на рак на дебело црево. Всушност исхраната која е сиромашна со диетални влакна, се смета за ризик фактор за овој тип на рак.

Житарките исто така се добар извор на железо, елемент неопходен за создавање на хемоглобин. Дали знате дека околку 30% од светската популација (околу 2 милијарди луѓе) има некаков облик на анемија, а најголемиот број од нив се должи токму на недостатокот на железо?! Освен во создавањето на крвните зрнца, железото игра улога и во важни ензимски процеси во телото.

Од други минерали важна за спомнување и количината на цинк и бакар. Два минерали кои иако се потребни во мали количини сепак игаат огромни улоги кога станува збор за баланс во организмот. Цинкот штити од инфекции, но исто така влијае и врз правилната функција на сетилото за вкус, а бакарот ја овозможува продукцијата на меланин, пигментот во кожата. Од витамините, најмногу во житарките има Б витамини, и тоа особено Б1 витаминот.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија