Наслов

Храна за железна крвна слика

За најлесно надополнување на железните резерви преку исхраната и да си немате мака со анемии, бледило, вртоглавици, повелете некоку продукти, набогати со железо, за оние 18 милиграми за жени и 8 милиграми за мажи потребни дневно.

Вредностите за дневните потреби за железо се разликуваат во зависност од полот и од возрасната група во која припаѓате. Дадените 8 и 18 милиграми се за мажи односно жени на возраст од 19-50 години, а за останатите возрасни групи повелете табела.

1.Остриги, и тоа некој пресметал дека точно 12 на број ви обезбедуваат 7 милиграми железо, а бонус добивате и супер количина на цинк, сето тоа со мал број на калории. Одлично за љубителите на морска храна.




2.Блитва, за некои е само поефтина замена на спанаќот, но всушност ова темно листето растение може да се носи рамо до рамо со лименката на Попај по количината на железо што го содржи. Добивате 2.35 милиграми од околу 250 грами зготвена блитва.

 

 

 

3.Говедско, одличен избор за железна крв. Во само 150 грами месо има 5.5 милиграми железо. Плус од анималните извори железото го добиваме во полесно апсорбирачка форма, нешто повеќе за оваа тема тука.

 

 

 

4.Јагнешко, исто како и говедското одличен извор. За истите 5.5 милиграми железо во порцијата ќе треба да си ставите парче од 160 грами јагнешко. Сепак внимавајте на големината на порцијата и сетете се дека месото што го јадете (освен ако не билдате мускули) не треба да ја поминува големината на вашата дланка.

 

5.Индиски ореви, во количина од 30 грами, значи една шака, ви обезбедуваат околу1.5 милиграми железо. Можеби не звучи импресивно, но ако си поиграте во кујната, па склопите некоја одлична комбинација од зеленчук, месо и индиски ореви, со малку лимонов сок, крајната математиката ќе биде и повеќе од задоволителна.

 

6.Школки, уште еден и те каков погодок за морската храна, во 20 мали школки имате околу 15 милиграми железо. Школките се некаде на најниските скалила од ланецот на исхрана, па речиси и не содржат жива, а запрепастуваат и со количината на другите витамини и минерали. На пример во една порција школки ќе примите Б12 четириструко повеќе од дневните потреби.


7.Јајце, со речиси се што ви е потребно во една мала тркалезна лушпа. Во 2 големи јајца добивате 2 милиграми железо и уште многу многу други витамини и минерали.

 

 

 

 

13 Септември 2013

За авторот