Зелената од виножитото

Зеленилото колку што е добро за одморање очи и зголемување на работната способност во овие неподносливи жештини, толку е и добро за примање на супер дози нутрициенси и освежување. Ако начекате зелено, еве зошто да навалите…

Чистка на црниот дроб во мамурните утра

Хлорофилот се покажал како добар детоксификатор на црниот дроб, а исто така и се смета дека до одреден степен го намалува ризикот и од некои посериозни заболувања како карциномот. Се што е зелено во природата содржи хлорофил, но особено концентиран е во поточарката, празот, руколата и магдоносот.

Неуропротективен пар

Зелените листови како целерот и магдоносот изобилуваат и со припадници на жолтите пигменти апигенин и лутеолин, а делуваат позитивно и заштитнички врз нервниот систем, па се смета дека ја потикнуваат работата на нервниот систем и штитат од Алцхајмерова болест.

Шолја чај за непречен крвоток

Поедноставно за консумирање здравје од шолја чај нема, а зелениот чај се поврзува со намалување на лошиот ЛДЛ холестерол. Всушнот катехините во чајот сречуваат оксидација на холестеролот, кој во ваква состојба е многу деструктивен и на тој начин го намалуваат ризикот од запушување на крвните садови.

Зелени зелки за здравје

Кељот, прокељот, брокулата и сите други зелјести растенија се неоспорливо најзалужни за разеленување на вашата чинија. Содржат многу витамини, минерали и пигменти, а исто така со помош на изотиоцијанатите кои ги содржат во огромни количини може да помогнат во ослободување на телото од потенцијалните карциногени.

За другите бранови должини прочитајте тука.