Врти – сучи, пак лош фаст фуд

Нова студија покажа дека дури по 14 години, скоро ништо се нема променето на подобро од нутриционистички аспект во менијата на главните фаст фуд ресторани.

Фаст фуд исхраната веќе станува убиквитарна во исхраната на Американците. 25% од популацијата јаде фаст фуд повеќе од два пати неделно. 

Истражувачите во студијата за American Journal of Preventive Medicine во периодот од 1997 до 2010 ги прегледувале нутриционистичките профили на менијата од осум популарни американски фаст фуд ланци: МекДоналдс, Бургер Кинг, Wendy`s, Тако Бел, KFC, Arby`s, Jack in the Box и Diary Queen.

Квалитетот на храната бил оценуван со посебна скала со максимални 100 поени и разочарувачки бил резултатот кој покажал дека нутриционистичкиот квалитет се подобрил само за 3 поени од 1997 година, од 45 на 48. 

Индексите за овошје, зеленчук, житарки и масло останале исти, но се зголемиле за калории од масти и шеќери како и за месото и нивоата на заситени масти. Резултатите биле полоши за млечните производи и натриумот. 

  • „- Скокот за три поени е разочарувачки, и по малку изненадувачки, со оглед на изјавите од компаниите дека додале поздрави опции во нивните менија, се префрлиле на поздрави масла за готвење и ја намалиле солта.“ изјави Марго Вутан, директорот на нутриционистичкиот оддел при Центарот за Наука од Јавен Интерес во Вашингтон.