Ризик што го прати вегетаријанството

Намирница помалку, не значи поедноставување на исхраната. Без разлика дали сте вегетаријанци од етички, здравствени, религиозни причини или пак само следите тренд, со овој начин на исхрана свесно или несвесно скратувате некои важни нутритивни елементи, за кои уште поважно е адекватно да ги надокнадите.

ВИТАМИН B12 (КОБАЛАМИН)
Најпроблематичен кога станува збор за веганизам. Овој витамин е клучен за правилно функционирање на нервниот систем и црвените крвни зрнца. Самиот организам има залиха на B12 во црниот дроб која ќе ве снабдува цели 5 години по целосен прекин на внесот. Но доколку и понатаму организмот не ги добива потребните 3mcg дневно, може да дојде до појава на мегалобластна анемија, испади од страна на нервниот систем и депресија.

Затоа е многу важно овој витамин правилно да се надокнади, особено кај оној тип на диета која ги исклучува јајцата и млечните производи. Денес на пазарот постојат суплементи, но секако дека нема ништо подобро од мајката природата. Така овој витамин може да го внесувате преку сојата, пивскиот квасец, киселата зелка како и сите призводи кои содржат млечна киселина, па навалете на туршија.

ОМЕГА 3 
Овие полинезаситени масни киселини се чувар на вашиот кардиоваскуларен систем, го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцев удар. Исто така помагаат во подобрување на меморијата и фукциите на мозокот.

Најзастапени се во рибата и морските плодови што ја прави вегетаријанската диета сиромашна со омега 3, па мора да се надокнадат од други извори. Вегетаријански извори богати со омега 3 масни киселини се лененовото семе, сојата и оревите, па потрудете се секојдневно да ги внесувате и за вашето ментално и физичко здравје.

ПРОТЕИНИ
Единствената разлика помеѓу вегетаријанци и невегетаријанци во однос на протеините е што вторите целата аминокиселинска лепеза можат да ја внесат со еден оброк. На вегетаријанците тоа им оди потешко затоа што треба да внесат многу различни продукти за да ја задоволат потребата на организамот за различните аминокисели. Да се разбереме, мислењето дека растенијата имаат некомплетни протеини е тотално грешно. Тие содржат многу солидни количини на аминокиселини, но за да ги опфатиме сите есенцијални и неесенцијални треба исхраната да ни биде прилично шарена.

Доколку малку повеќе се заборави на овој многу важен дел од нашата исхрана може да се јави недостаток на некои аминокиселини и протеини што се манифестира како слабост, замор, безволност, поспаност, кршливи нокти и коса. Затоа на протеинскиот дел од исхраната треба да се обрати големо внимание и да се внесуваат различни видови на зеленчук како и млечни производи и јајца доколку сте лакто-ово вегетаријанец.