Наслов

ВЕГАНСТВО - ШТО, ЗОШТО И КАКО

Што е веганство? Веганството е начин на живот кој ја има целта да ја елиминира целата грубост и насилство кон животните.

За да се смени нешто глобално потребно е да се започне од себеси, па така и ова движење започнува од нас самите.

Веганската исхрана е без месо, млечни производи, јајца, мед и се што е од животинско потекло. Исто така веганите не користат производи кои се тестирани на животни, не носта материјали од животинско потекло како што се свилата, крзното, волната...

Зошто го прават сето ова? Веган се станува од повеќе причини, некои луѓе го прават тоа за да ја подобрат здравствената состојба, некои затоа што се грижат за околината, за својот духовен пат, од сочуство кон животните, а некои луѓе стануваат вегани заради сите овие причини. Она што го забележав до сега е дека сочуството кон другите битија најмногу ги задржува луѓето на овој начин на живот. Етичкиот пристап во веганството е најважен затоа што е несебичен. Ненасилството е главната цел.


Како да се стане веган? Пред да се скокне во премногу возбуда за огромната промена што би следела најдобро е да се едуцираме заради кои причини би ја направиле оваа транзиција. Во продолжение ќе поставам линкови од документарци преку кои на наједноставен начин може да се разбере веганството, а во наредните блогови ќе споделам вегански места во Македонија, компании кои се грижат за животните, превкусни вегански рецепти и како и каде да купувате веганска храна и облека.


Документарци:

Earthlings - етичкиот пристап

Cowspiracy - еколошки/одржлив пристап

Forks over Knives - здравствен пристап

Линк тука


Говори
:

Best Speech You WIll Ever Hear - Gary Yourofsky

101 reasons to GO VEGAN 

The Nicest Way To Die - Bite Size Vegan


Продолжете да танцувате во ритамот на Природата!

Оригиналниот текст на блогот Во Ритамот На Природата - http://wp.me/p90R48-M

08 Август 2017

За авторот