Што е подобро од трипати на ден?

Додека трите главни оброци дневно сè уште се  мантра за една здрава диета, понекогаш истражувањата ги фаворизираат малите побројни оброци, како подобар начин за губење килограми, а најновата мода пак не враќа по стапките на пралуѓето. Што да одберете?

Како хипотеза да ја земеме идејата дека повеќе мали оброци дневно се подобра опција за слабеење, отколку старата традиција „доручек, ручек и вечера”. Според една класична студија од 1989, седум мажи во тек на две недели ги пробале и двата модели на исхрана. На крај, резултатите покажале пониско ниво на инсулин и холестерол кај диетата со помалите оброци. Сепак ваквата диета не мора да значи и помалку килограми, а особено не ако при ситните оброци крајниот биланс е повеќе калории отколку со традиционалните три. Тогаш можеби веќе нема да можете да ги закопчате фармерките.

Една мала студија од Универзитетот Корнел, пак, под прашалници го става најважниот оброк во денот – појадокот. Испитувањето било направено врз студенти волонтери, од кои дел појадувале, а дел не. Иако оние кои го прескокнале појадокот се изјасниле како „мртви гладни” за време на ручекот, сепак изеле само додатни 408 калории, што е далеку од оние калории кои „доручкувачите” ги изеле на појадокот. Можеби прерипнувањето на оброците и не е толку голем грев. Дејвид Левитски, професор на универзитетот, кој го спровел истражувањето вели „Ако прескокнете два до три оброци неделно, ќе го намалите калорискиот внес”.

А што е со најекстремната од сите, во периодов и многу популарна, диетата на Др. Мосли „5:2″? Оваа диета всушност подразбира рестрикција на помалку од 500 калории во период од два дена и нормално јадење останатите 5 дена од неделата. Според Криста Варади, асистент професор по кинезиологија и нутриција, која е ко-автор на испитување за овој тип на диета, резултатите од 5:2 се изненадувачки и позитивни. Всушност пациентите јаделе само 10-15% повеќе оние 5 дена, што за краен ефект има намалување на вкупниот калорискиот внес и евентуално губење на килограми.

Со оглед на тоа дека заклучоците се најразлични, понекогаш и се побиваат, можеби најважно е да откриете дали ви е полесно да се справите со гладта или со вољјата да не ја прекршите диетата. „Постојат толку многу индивидуални варијабилитети“ – вели Лоренс Ческин од центарот за контрола на тежина во Балтимор и додава „сепак на крај треба да намалите на калориите“.

Извор: The Washington Post

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија