Треба да го на намалите внесот на сол? Удрете на зачини…

Внесот на сол е убаво да се ограничи без разлика дали Ви е наложено или сами сакате да се погрижите за вашиот циркулаторен систем. 

Е сега, традицијата ни е таква што маса за ручек без соларче не поминува ама ако вкусот е во прашање, можете брзо брзо да заборавите на солената вкусова дразба само ако си поиграте малку повеќе со другите зачини.

55 испитаници со прекумерена тежина учествувале во една студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот Џон Хопкинс и Универзитетот во Сан Диего. 63% имале покачен крвен притисок, а 16% дијабетес.

Во првиот дел од студијата испитувачите го контролирале внесот на сол, па вкупната количина на дневно ниво паднала речиси на пола (од 3,450 мг/ден на 1,656 мг/ден). Потоа една група била едуцирана во полето на зачини и билки, а друга група оставена сама да го регулира внесот на сол. И двете групи консумирале повеќе сол отколку во претходната контролирана диета, но оние кои користеле повеќе зачини и билки, значително помалку

Вкусот на храната е важен (ако не и најважен) за правење на поздрав избор при формирањето на оброците. Со самото додавање на различни зачини и вкусови, се истиснува местото за готварската сол, чија прекумерена консумација се поврзува со покачен крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања.