Следниот шеќер може да биде протеин?

Барајќи постојана алтернатива на белиот шеќер, доаѓаме до една протеинска молекула која може да ви го задоволи апетиток за благо, без сите негативни ефекти на рафинираните и артефициелните засладувачи…

Одамна му пресудивме на белиот шеќер како главен виновник за вишок килограми, појава на епидемијата на обезност, инсулинска резистенција, дијабетес мелитус, метаболичен синдром. Тогаш на пазарот започнаат да се појавуваат нула калорични артефициелни засладувачи, кои сепак се високо процесирани и во ниту еден момент не се поздрави од класичниот бел шеќер кој веќе го демонизиравме. Постојаната потрага за слатка замена на шеќерот можеби конечно вроди со плод.

Бразеинот е протеинска молекула екстрахирана од дрвото Pentadiplandra brazzeana кое е расте во троските делови од Африка. Локалното население уште го нарекува и Oubli според францускиот збор за „заборав” бидејќи со слатките плодови на ова дрво успевале да ги натераат доенчињата да го заборават и да ги одвикнат од мајчиното млеко.

 

Во западниот свет бразеинот станува тема на интерес некаде во ′80, а во 1994 за прв пат успешно е изолиран. Сепак процесот за добивање на бразеин се уште е многу сложен и скап, што всушност е причина да не е достапен за широка потрошувачка. Но и ова полека се менува бидејќи со помош на една габичка, научниците успеваат да добијат далеку поголема количина од слаткиот протеин.

Што се однесува до вкусот, производителите тврдат дека бразеинот по вкус е најблизок до неговиот шеќерен соперник, за разлика од стевиата или другите артефициелни засладувачи, што го прави лесно прифатлив за широка потрошувачка.

Кој знае, може наскоро во вашето омилено кафуле наместо вештачки ќе можете да побарате протеински засладувач?!

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија