Сите сакаме балансирана диета!

И што кога ќе останете збунети пред советите на некоја диета во врска со здравиот начин на исхрана? А реалноста е многу едноставна. Бујрум, четири нутриционистички совети како до здрав живот.

Исхрана и вежбање
Најпрво повеќето од диетите не ја назначуваат и препорачуваат физичката активност, и покрај тоа што вежбањето е екстремно важна компонента за губењето на тежина и одржување на истата. Рутинското вежбање помага во создавање и одржување на мускулна маса, но ни дава и дополнителна енергија. Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC) препорачува 150 минути активности со благ интензитет неделно. Тука спаѓаат брзото одење, џогирањето и возењето велосипед каде потребно е само да се испотите и да го зголемите вашиот пулс. Додатно, два пати неделно се препорачуваат вежби за мускулно зацврстување како бодибилдинг, јога, фитнес итн.

Навалете на чист протеин
Откако ќе ја подобрите вашата физичка активност, ќе треба да конзумирате доволно протеини за одржување и регенерација на вашите мускули. Внимавајте на видот на протеини. Одбирајте чисто месо (без маснотии) како пилешки стек, риба или грав, леќа, грашок, јаткасти овошја и нискомаслено млеко. Со ваквиот избор се намалува внесот на мастите, кој многу често се причина за висок холестерол и срцеви заболувања.

Одбирајте здрави јаглехидрати
И јагленохидратите се важен дел од балансирана диета. Најголем дел од калориите треба да доаѓаат од јагленохидрати па затоа внимавајте на изборот. Одбирајте здрави јагленихидрати како овошје, зеленчук и полнозрнести житарици. Конзумирањето на рафинирани житарици како белиот леб, разни колачи и слатки, може да доведе до покачување на телесната тежина. Јаглехидратите кои содржат високи нивоа на диетарни влакна нè одржуваат подолго време сити, а со тоа влијаат во регулирањето на тежината.

Ограничете ги мастите
И за крај, лимитирајте го внесот на мастите. Иако тие имаат важна улога, внимателно избрани и внесени во мали количини тие ги држат „лошите“ липидни молекули во нашиот крвоток во нормални граници. Рибата, маслиновото масло, јаткастите овошја и авокадото се одличен избор на „добри“ масти. Исфрлете ја брзата храна бидејќи таа е богата со транс масти кои се екстремно лоши по Вашето здравје.