Што појадуваат оптимистите?

Првиот оброк во денот кажува многу за вашиот став кон чашата, дали е половина полна или половина испразнета. Ова се малите разлики што вашиот оброк го прават оптимистички…

Оптимистите јадат свежи продукти

Отпочнувањето на денот со чинија полна шаренило од природата може да го истера блузерското расположение и да ве направи повесели. Едно истражување направено над 281 млад испитаник покажува дека оние кои си ја земале предвидената доза од 7-8 мали порции на овошје и зеленчук имаат многу подобро расположение за разлика од оние кои не го прават тоа. Дополнително салатата наутро може да ви го задоволи апетитот без да бидете прејадени, за разлика од симитот или бурекот. 

Оптимистите припремаат

Однапред подготвениот појадок ви го намалува утринскиот хаос кога треба да се подготвите и да стигнете до работното место или предавалната. Психолозите велат дека оваа мала рутина ве остава исполнети и задоволни од вашето адаптибилно однесување, а кога сме исполнети и задоволни сме и пооптимистички настроени.

Оптимистите го јадат она што им е вкусно

Јадете ја храната која навистина ги задоловува вашите сетила. Не јадете храна која морате само затоа што е здрава или за да не се расипува. Напротив нагостете се со храната која ви е навистина вкусна и преку стомакот подобрете си го расположението.

Оптимистите воспоставуваат рутини

Нивен прв избор е секогаш храна која знаат и умеат да ја подготват со затворени очи, прилично полезно кога сме поспани наутро, а притоа стресот што наставува кога немате време а треба да измислите што да понесете за јадење го минимизирате.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија