Што ако сите се храниме во американски стил

Доколку некоја посиромашна земја во развој т.е. нејзините граѓани би започнале да се исхрануваат како граѓаните на побогатите земји, државата би се здобила со трагични здравствени и еколошки последици. 

Три работи започнуваат да се случуваат откако луѓето стануваат побогати: прво, тие започнуваат да јадат повеќе месо (протеин) – граѓаните на 15-те најбогати земји консумираат 750 проценти повеќе говедско, свинско, живина и риба од 24-те најсиромашни земји; второ, тие започнуваат да консумираат повеќе „празни“ калории кои доаѓаат во форма на рафинирани и преработени шеќери и алкохол; и трето, тие секогаш внесуваат повеќе калории одошто им е потребно. 

Според една поголема студија направена на Универзитетот во Минесота доколку начинот на исхрана кој владее во побогатите земји како САД би се аплицирал во сиромашните земји во развој и транзиција, тоа би оставило трагични последици по здравјето на граѓаните и по околината. Би се очекувало покачување во бројките на пациенти со дијабет тип 2 и срцеви заболувања, а зголемувањето на загадувањето би било неизбежно. 

Во светски пак рамки, интересно е тоа што економски посиромашните семејства всушност имаат нутрициски побогата и посвежа исхрана од оние кои без проблем би можеле тоа да си го дозволат.

„Затоа што диетата е толку блиску поврзана со здравјето на луѓето и екологијата, глобалниот тренд на исхрана е еден од најголемите предизвици со кој се соочува човештвото“ – велат од научниот весник каде што е објавено истражувањето.

Се` поголемата потреба на луѓето за консумирање на ваков вид на храна индиректно продуцира поголемо глобално загадување поради тоа што земјоделието и сточарството како извор на овие продукти се директните виновници за зголемената емисијата на стакленички гасови. 

Сепак, спортивно на ова, во светот постојат многу едноставни решенија на оваа проблематика, типови на исхрана кои доведуваат до поголемо здравје на населението и поеколошки импакт врз природата, a наше е да избереме.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија