‘Рти, ‘рти, ‘ртиме, протеини си вртиме

Дали сте запознати со концептот на ‘ртење и многу бројните придобивки од растителните никулци?

Уште не успеани да преминеме од високо процесирани јаглехидрати на полнозрнеста исхрана, со чест на исклучоците, денес здравата храна е еден чекор понапред – изртена.

Што всушност се случува при процесот? Секое зрно претставува мал извор на многу нутрициенси и само по себе. Нормално овие зрна си имаат и заштитен механизам – фитичната киселина, која го иритира дигестивниот тракт и не дозволува апсорпција на нутрициенсите од зрното.


Повеќе за фитичната киселина: ЗОШТО ДА ГИ ПОТОПИТЕ ЈАТКИТЕ ВО ВОДА?


Но кога едно зрно ќе дојде во контакт со изворот на живот – водата, започнува да создава нова еднинка, ново мало растение. За таа цел, најпрво се ослободува од анти-нутрициенсите и сите негови хранливи материи стануваат достапни за никулецот многукратно, а тука некаде се вклопуваме и ние, достапни и за нас.

Нутритивниот профил секако се разликува од никулец од никулец, во зависност од видот на семката, но општо земено со никулците ги добивате витамините А, Б, Ц, Е, К, магнезиум, калиум, калциум, железо, фосфор, цинк, хлорофил, пантотенска киселина, сите аминокиселини и голем процент на протеини и есенцијални масни киселни.

И техничкиот дел… За да си изртите мали нутритивни богатства, потребни ви се зрната, газа, чиста стаклена тегла и малку вода. Никулците не сакаат вода, туку нив им е потребна само влагата. За почеток оставете ги преку ноќ во сад со вода да набабрат. Утрото префрлете ги зрната во теглата, наполнете вода и покријте со газа. Исцедете ја водата преку газата така што зрната ќе останат внатре. Секое утро и вечер имате обврска да ги промиете со ладна свежа вода и убаво да ги исцедите. После 4-6 дена веќе можете да ги консумирате. Се чуваат во фрижидер.

Топло ви препорачуваме целосно да го засилите витаминско-минералниот буст на вашите салати и да почнете да си ‘ртите никулци. Нема штета и од механичка обработка, па во наредното смути можете исто така да ги додатете. Меѓутоа додека мал дел од заостанатите анти-нутрицинеси не ви штети, секојдневно консумирање на повеќе од половина килограм никулци може да ви предизвика проблеми со дигестивниот систем, токму заради тој мал процент на заостаната фитична киселина. Исто така мора максимално да се внимава на контаминацијата и да користите чисти садови, темелно миење на никулците и купување од проверен извор.

Повеќе за тоа кои зрна можете да ги ‘ртите во некој од наредните денови.