Протеинска бомба

Добар оброк по тренингот бидејќи содржи многу протеини.

 
  • 350г „Охридски изварок”
  • 350г мали шкампи
  • 150г кравјо кисело млеко или кефир
  • китка свеж копар
  • сол, бибер
 

Подготовка

1. Во зовриена вода ставете ги шкампите и варете ги 5-10 минути со малку копар, сол и бибер.

2. Во меѓувреме измешајте го изварокот со кисело млеко, додадете сол и исецкан копар.

3. Кога шкампите се готови, извадете ги од водата, оладете ги и помешајте ги со останатите продукти.

 

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија