Правилното дневно мени на еден скијачки фанатик

Ако сте од оние кои тотално сакаат да го искористат дневниот скијачки билет и немаат намера многу многу да пијат чаеви и пива на бачило, размислете на вашиот дневен хранителен биланс бидејќи скијањето и бордањето знаат да делуваат страшно исцрпувачки по вашите резерви.

Доколку имате намера здраво да скијате во текот на планираниот зимски одмор пробајте да направите малку баланс во вашите дневни оброци бидејќи тоа ќе биде клучно за да не потклекнете под огромниот напор на најфината зимска активност.

На што треба да обрнете внимание пред стигнување?

Бидејќи скијачките центри се наоѓаат на повисока надморска висина вашето тело ќе биде подложено на дехидратација полесно. Затоа внимавајте на тоа да бидете правилно хидрирани пред да стигнете, но и за време на самиот престој и скијањето. Едноставното правило е: пијте вода кога ви се пие!

Што за појадок?

Бидејќи скијачките активности знаат да бидат многу напорни можеби најважниот момент од денот е тој да го почнете со доволна енергија. Во никој случај не го пропуштајте појадокот, и гледајте тој да биде комбинација на добри јагленохидрати и протеини. Направете некој омлет со потпечени лепчиња или овесни снегулки со овошје.

Ручек

Ручекот ќе зависи од тоа колку сакате да „газите” на стаза! Доколку максимално сте се активирале, сте изгореле многу повеќе шеќери па затоа внимавајте истите да ги надополните. Баталете ги бургерите и чипсовите за ручек и наместо тоа посегнете по нешто што ќе ви ја надополни енергијата и потребните протеини. Било каков сендвич со путер и џем или друга комбинација може да заврши работа, а со тоа ќе добиете и додатна сила за нови предизвици. Не заборавајте ги и ужините кои може да бидат како гранола барови и мали чоколатца.

Вечера

Овој оброк е истотака многу важен за надополнување на енергетските потреби кои ќе ви бидат при рака наредниот ден. Гледајте да јадете оброк кој има сооднос на јагленохидрати и протеини 2:1 пред да се опуштите со вечерното пивце. Опции има многу, од пилешко со зеленчук и тестенини, динстан зеленчук со кафен ориз и многу други.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија