Кога вишокот протеините не ви градат мускули

Синтезата на протеини сопира после 30тиот грам од еден оброк, сè над тоа паѓа во вода… или во сало.

Дека протеините се неоходни во соодветна количина за создавање и одржување на убава и развиена мускулатура нема никаква дилема. Но количината на овој макроелемент што ја консумирате сепак треба да биде во една оптимална физиолошка граница. Сè што е над тоа ви е непотребно, па дури и во некои случаеви може да доведе до дебелеење.

Едно испитување спроведено врз група на млади и возрасни испитаници покажало дека без разлика дали ќе консумирате 30 или 90 грама висококвалитетен протеин (чисто говедско месо во конкретното испитување) синтезата на протеини се зголемува за 50% по оброкот и во двете возрасни групи и кај двете количини на оброци.

Ингестијата на повеќе од 30 грами протеини (113 грама говедско) во еден единствен оброк додатно не ја зголемува протеинската синтеза, но напротив вишокот протеин или големиот оброк комотно може да се складира во телото во еден друг непосакуван облик, како масно ткиво.

Иако процесот на конверзија на протеини во масти се одвива во помала мера од шеќерите, овој процес може да се случи особено кај екстремно неактивната популација.

Наравоучение: јадете колку што треба од сите нутриционистички макро и микроелементи и вежбајте малку повеќе.

Нешто повеќе за протеини испиени за џабе може да прочитате и на овој линк.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија