Портокаловата од виножитото

Сезонава си бара печена тиква, со душа ги чекаме јапонските јаболка и веќе сериозно ги ставаме цедалките за портокали во функција. Еве го бенефитот од портокаловата боја во вашата чинија или чаша.

Зачинете против хронични болести

Веќе пишувавме за куркуминот и за неговиот бенефит. Во првата фаза од испитувањата куркумата се докажа како антидијабетичен и антиканцероген сојузник. Истиот е составен дел на карито, а можете да го најдете и како чист куркумин. Само додадете малку од овој зачин во јадењето за ориентална жичка и здравје како дрен. Еве еден лесен рецепт со куркума, да не му ја мислите за деншниот ручек.

Зглобови спремни за сериозно спортување

Бета-криптоксантин е еден каротеноид со сложено име, но и сложена функција. Имено овој портокалов пигмент, е способен да ја намали инфламацијата во зглобовите (артритис). Исто така има улога во подобрување и чување на видот. Со овој каротеноид изобилува папајата и мандарините.

Доза подмладување

Сметаме дека најдобрата формула за подмладување е одржување на младиот дух, но и храната може да направи чуда за физиономијата. Алфа-каротените од портокаловите плодови како морковот и слаткиот компир го конвертираат витаминот А, кој го успорува стареењето на клетките, а го засилува и имуниот систем.

Да се навратиме на цедените цитруси

Покрај огромната доза на Ц витамин, во цитрусното овошје има и флавоноиди т.н. хесперидин и нарингенин (еве од каде Србите го извлекле наранџа) кои ги чуваат крвните садови од зачепување и придонесуваат за општото здравје на циркулаторниот систем и срцето.

За другите бои од виножитото прочитајте тука.