Наслов

Портокалите ги зајакнуваат коските и имунитетот

Портокалите се богати со витамин Ц и витамин А. Но, ова е само почеток на приказната. Тие го помагаат варењето на храната, го зајакнуваат срцето и циркулацијата.

Дали сте знаеле дека портокалите ги зајакнуваат главните органи во телото и помагаат при неговото чистење?

Портокалот ја прочистува крвта и ја подобрува циркулацијата, а исто така има позитивен ефект врз коскената минерализација.

Во портокалот има состојки кои помагаат при намалувањето на холестеролот и корисен е за одржување на нормалните вредности на шеќерот во крвта.

Само еден портокал дневно го намалува ризикот од мозочен удар за 19 проценти. Дури и кората на портокалот е значајна бидејќи го зголемува апетитот, но помага и при грчеви во стомакот.

Коски, заби и имунитет

Портокалите се богати со калциум, кој е најважниот елемент за здрави коски и заби.

Витаминот Ц е исто така присутен во големи количини во сите цитрусни овошја, што го стимулира производството на бели крвни клетки во телото, зајакнувајќи го имунитетот.

Исто така, ако сакате да спречите вирусни инфекции треба често да јадете портокали.

Покрај тоа, редовното консумирање на портокали го намалува ризикот и од формирање на камен во бубрезите.

31 Мај 2017

За авторот